Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во дебатното издание „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека инцидентни се случаите кога во јавниот превоз не се почитуваат мерките.
„Има случаеви дека се појавуваат автобуси каде има поголем број на патници од потребното, не е спорно тоа. Тоа ние што го правиме е тоа дека ги појачуваме тие линии во даден час и во даден период во денот со цел да избегнеме такви ситуации“, посочува Шилегов.
Тој посочува дека не може да се симне патник кој платил карта, а при тоа не ги почитува мерките за заштита од ширењето на коронавирусот.
„Се случува вработените, контролорите во ЈСП кога влегуваат и наидуваат на луѓе кои не ги почитуваат протоколите, едноставно се немоќни да им направат нешто зошто човекот има платено карта“, вели Шилегов.






