Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во „Click Plus“ на ТВ21 посочува дека со право реагираат граѓаните на загадениот воздух, бидејќи во минатото ништо не се преземаше.
„Со право сите како луѓе реагираме кога е загаденоста во воздухот во прашање, затоа што мислам дека, особено во минатото, предолго траеше процесот без да има видлива акција на институциите“, додава Шилегов.






