Како некој кој 15 години е дел од угостителството неможе да седам на страна и да посматрам без кажан збор.
- Со години угостителите работат непријавени, прекувремено (неплатено), ноќна смена (неплатена) и злоупотребени од газдите, притоа немајќи начин да реагираат на надлежните институции. Освен со искључок на централните градски подрачја и само во поразвиените градови, нигде на друго место не се почитувал законот кон работниците.
- Секој викенд или празник угостителот е на работа за да ги задоволи твојте желби за добар провод.
- Ве гледаме како се заљубувате, како стварате семејства, ви ги гледаме децата, ве запознаваме на начин на кој што ни самите не се познавате, знаеме какво кафе пиете, со шеќер, долго, до пола, 70ка, матено во таа чашата…кога сакате, како сакате, ви ги знаеме навиките, маните и предностите.
- Некој од нас сакаме да го работиме ова, некој е приморан, некој само случајно се нашол тука во оваа бранша, но како и да е секојдневно ги ставаме на страна нашите потреби и се грижиме за вашите.
- Ја разбирам потребата да се најде виновник за целава ситуација, но тоа не сме ние, никогаш не ни бевме. Сме работеле со главоболки, болки во нозете, тромбови, тумори, температури, кашлици, смртни случаи, на ден на родендени на најблиските, на денот на раѓање на наши деца, на среќа и несреќа.
- Епа сега драги мој мили нас затворете не скроз не од 21 часот, скроз. За да го прогласиме угостителството за умрено и да завршиме со ова за секогаш. И не затоа што неможеме да издржиме 1 месец без пари и работа и леб и струја и немаме пари за кредити, кирии. Затоа што за нас преку 70 000 со букви седумдесет иљади ви е гајле како ќе се снајдеме. Затоа што ви е гајле како ќе преживееме, затоа треба да престанеме да работиме и никогаш повеќе да не слушнете ЗДРАВО, ПОВЕЛИ….Се Гледаме у Некоа Прилика






