Министерката Сања Божиновска на денешната Тема на денот во вестите на ТВ Сител изјави дека новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини прави долгорочна стратегија во која насока ќе се движи енергетиката во земјата.
Во оваа прилика министерката Божиновска изјави: „ 145 милиони евра од Реформаска агенда се во делот за Зелена транзиција, но за ова имаме сериозни обврски, но ќе работиме на тоа.“.
ТЕЦ Неготино е енергетски капацитет кој претставува ладна резерва и досега како гориво користи мазут. На прашањето за можноста да се прилагоди на употреба на гас министерката Божиновска истакна дека треба да се направи крак до гасоводот кај Неготино, а потоа може да се разговара за работа на гас на централата. Божиновска потсети дека согласно владината програма се планира и изградба на две когенеративни гасни централи.







