Во денешното гостување на ТВ Сител министерката за енергетика беше запрашана за цената на електричната енергија за домаќинствата, на што потенцираше дека во моментов цената што ЕСМ ја наплаќа е 60 евра за мегават час што е многу пониско од берзанската цена.
Божиновска потенцира дека Владата во текот на јули се обврзала да ги набави и преостанатите 15% од електрична енергија што биле обврска на ЕВН, со што сметките на граѓаните останале непроменети.
Во однос на цените на електричната енергија од јануари Божиновска истакна: „ние ќе дискутираме со ЕСМ и ќе направиме се што е во наша можност да нема поскапување од следната година. Секако, ќе зависи од планот за производство на АД ЕСМ меѓутоа ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови“.






