Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во гостување во дневникот на Сител телевизија изјави дека наспроти тврдењата на минатата Влада, Македонија нема ништо со проектот Александруполи поконкретно гасната централа и терминалот за течен нафтен гас.
Министерката Божиновска истакна: „Се зборуваше многу за Александруполи меѓутоа по разговори со раководството на ЕСМ, на жалост, ние немаме ништо со Александруполи, освен што плаќаме 3 милиони евра за искористување на капацитет.“
Според Божиновска единствено имаме обврска да плаќаме 3 милиони евра годишно за искористување на капацитет во следните 15 години, кој во овој момент неможеме да го користиме.







