После повеќе од пет децении, улицата 1438 во населбата Пинтија конечно добива нов асфалт!
Обновата на инфраструктурата во општина Кисела Вода се одвива со засилено темпо, а во овој момент се вршат градежни активности на оваа улица со површина од 2000 m². Долгогодишната запуштеност и значителните оштетувања сведочат дека улицата претходно не била приоритет на ниту еден градоначалник, но сега конечно добива заслужената грижа.
Овој проект е уште еден доказ дека секое мое ветување се остварува и дека барањата на граѓаните се мој приоритет. Мојата цел е до крајот на мандатот да нема ниту една неасфалтирана улица во Кисела Вода.
Продолжуваме со работите во сите урбани и местни заедници, бидејќи мојот народ заслужува најдоброто!
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода







