Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел, во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ја организираат втората панел дискусија во рамки на Катедра Аденауер 2024, што ќе се одржи денеска Битола, а темата е „Проширувањето и Западниот Балкан – Предизвици и можности“.
Свое излагање ќе имаат: Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања, Горан Илиќ, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Елена Тиловска-Кечеџи, Професор на Правниот факултет – Кичево при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Кирил Миноски, поранешен министер за финансии, Александар Спасеновски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Васко Наумовски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Настанот ќе го отворат претставниците на организаторите, односно Игор Неделковски, Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Давор Пашоски, Програмски менаџер во Фондацијата Конрад Аденауери Анѓела Ангеловска, Проектен менаџер во Академијата за Европски интеграции – Скопје.







