Очигледно немилиот настан што се случи пред 3 дена кај просторот на поранешната фабрика „Треска“ во Скопје каде падна работник од скеле не ги освестува ниту градежниците ниту работниците. Твитер профилот Римувач објави снимка на работник како е качен на скеле без заштитна ограда, без шлем како извршува работи на вистина од 10 метри.
„За да однесе пари дома овој работник се качил на скеле без заштитна ограда, кое се ниша небаре чека момент да се разглоби, а нема ниту шлем… ова е слика за алчноста на сопствениците на градежни фирми и немоќта на инспекцијата, при што битен е само профитот, не и човечкиот живот“, стои на описот на овој профил.







