Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, престојуваше во работна посета на Прага, каде што се одржа продуктивна средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек. Целта на средбата беше зајакнување на економските врски помеѓу Северна Македонија и Чешка, како и отворање нови можности за инвестирање.
„Нашите дискусии ја истакнаа важноста на економската соработка меѓу двете земји и ги отворија вратите за нови инвестиции и идни можности,“ истакна Божиновска.
Таа нагласи дека со продлабочувањето на партнерството со Чешка, се создава стабилна основа за раст и развој на двете земји. Дополнително, Божиновска ги охрабри сите заинтересирани, особено во енергетскиот сектор, да ги препознаат можностите што ги нуди ова стратешко партнерство.






