Денеска (05-ноември) во 14.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на надвозникот за тетовска Брвеница, патничко возило ,,сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(22) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П.(22) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







