На 04.11.2024 во 21.56 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, во близина на с.Лисолај, патничко моторно возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(29) од Битола, излетало од патот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Битола, додека сопатничката Џ.М.(23) од Кичево се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.






