Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски во вчерашното издание на „360 степени“ на МРТ 1 кажа дека во наредните максумум четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите 8 и 10-д.
„Би можел да ви кажам сега во комуникација со „Бехтел и Енка“ и откако успеавме одредени процеси да ги откочиме, одредени неопходни работи да почнат да работат, веќе сме во предност. Прилеп – Битола некаде би требало да биде две до две и пол години, да речеме за три максимум да биде завршен. Слична е ситуацијата со Тетово – Гостивар, а Гостивар – Букојчани можеби една година плус. Така што, тоа ќе бидат роковите“,изјави Трајановски.






