Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со Фуат Октај, претседател на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Турција, при што беа афирмирани традиционално одличните македонско-турски односи.

„Очекуваме проширување, интензивирање и продлабочување на соработката во интерес на граѓаните на двете држави“, истакна Сиљановска-Давкова.
Таа ја изрази својата поддршка за формирањето на Високиот совет за турско-македонска стратешка соработка, оценувајќи го како неопходен правно-институционален механизам кој ќе гарантира успешна и долгорочна билатерална соработка.

Оваа средба претставува уште еден значаен чекор кон зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во духот на заеднички интереси и пријателство.







