Работнички и Шкендија ги поделија бодовите во дерби средбата од 13. коло во Првата македонска лига.
Пресметката на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје донесе борба, но не и погодоци во мрежите на Алексовски и Амзаи.
Со овој резултат „романтичарите“ остануваат на врвот со 25 поени, еден повеќе од денешниот ривал, но и од Силекс и Гостивар кои денеска остварија минимални гостински триумфи над АП Брера, односно Шкупи.
Силекс победи со голот на Рајков во Струмица, а Гостивар благодарение на Машуке го доби Шкупи во Чаир.
Актуелниот шампион Струга Трим Љум пак со пресврт беше подобар од Беса со 2-1. Јевтоски и Кехинде беа автори на шестата сезонска победа за стружани.
Без голови пак заврши соочувањето меѓу Воска и Тиквеш.






