Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Коњановски: Спомен-куќата на Делчев е патоказ за враќање на нашите спомени

by
2025-05-05
in Uncategorized

Синоќа свечено беше отворена „Спомен куќата на Гоце Делчев“, во централното градско подрачје на Битола, во која македонскиот револуционер Гоце Делчев престојувал во 1901 година. Завод и Музеј Битола целосно ја реновираше спомен куќата, некогаш сопственост на семејството Ракиџиев.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, пратеници во парламентот, ректорот проф. д-р Игор Неделковски, делегации на Сојуз на борци Битола, претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица, движење ЗНАМ за наша Македонија, здруженија на граѓани, институции кои го носат името на Делчев меѓу кои и ОУ Гоце Делчев, положија свежо цвеќе пред спомен куќата. Во оваа пригода, градоначалникот Коњановски истакна дека пораките на Делчев се дел од нашето живеење, но истите треба да се пренесуваат и на идните генерации.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

„Денес на 122 годишнината од погибијата на нашиот Гоце Делчев, повторно, по неколку години ја отвораме спомен куќата како еден патоказ, кон враќањето на нашите спомени. Како што многу пати зборувавме, човек кој не си ја познава својата историја и кој не ги почитува своите спомени, како и да не постои. Благодарност за Завод и Музеј кој по многу години повторно ја отвори оваа спомен куќа. Со ова Битола не добива само историски споменик, туку и нова туристичка понуда која може да се посети, посветена на апостолот на револуционерна борба“, посочи Коњановски.

„Во куќата, каде е реновиран ентериерот и екстериерот, секој посетител може да погледне оригинални документи и артефакти. Внатрешноста на куќата е целосно реновирана со нов лик на музејската поставка. Станува збор за три простории во кои се изложени документи, текстови и изјави од периодот пред востанието, а во една просторија има восочна фигура на Гоце Делчев, покрај работната маса“, рече директорот на Завод и музеј Битола, Зоран Николовски.

Преуредувањето на музејската поставка во спомен-куќата се состои од три дела – историска соба и етнолошка соба, кои се наоѓаат на горниот кат и училница која се наоѓа на долниот кат од куќата. Синоќешниот настан беше заокружен со уметничка програма во изведба на членовите на КУД „Гоце Делчев“ од Битола.

Previous Post

Овие секојдневни навики го кратат вашиот живот – со ова несвесно го уништувате вашето здравје

Next Post

Три години турнир во мал фудбал во Јегуновце

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Три години турнир во мал фудбал во Јегуновце

Recommended

Дали Македонија се соочува со нов бран пожари?

5 months ago

Спасувачка акција по невремето во Македонија

1 year ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.