Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Лекарите на Неврологија : Немаме соодветни услови за лечење на пациенти со корона

by bulevar_com_mk_4dm1n
2020-11-02
in Uncategorized

Дека минситерот за здравство Венко Филипче носи несоодветни одлуки и тоа дека го прави во последен момент покажува реакцијата на стручниот колегиум од Клиниката за неврологија. По одлуката на Филипче и оваа Клиника да биде КОВИД-19 центар вработените се упатија до министерот писмено и го известуваат дека условите не се соодветни за болни од корона. Одлуката на состанокот е донесена едногласно.

-Стручниот колегиум на состанокот завзема едногласен став дека клиниката не ги исполнува критериумите и условите за ковид центар поради тоа што тука се хоспитализираат пациенти со невролошки заболувања од целата земја кои добиваат адекватен специфичен третман кој не можат да го добијат во друга клиника/болница/установа. Доколку пациентите со невролошки болести (мозочен удар, епилепсија, епилептичен статус, мијастенија гравис, мултипла склероза, акутен полирадикулоневрит, трансферзален миелит, деменција, екстрапирамидни заболувања, болни синдроми) не се хоспитализираат, дијагностицираати лекуваат на нашата клиника, многукратно се зголемува ризикот од морбидитет и морталитет од овие болести, се вели во дописот до Филипче.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Според лекарите пациентите со овие болести ќе бидат лишени од адекватна и високо стручна терапија и нега доколку им се оневозможи хоспитализација и третман на Клиниката. Тие информираат и со факти за колку пациенти станува збор.маркетинг

-На Клиниката во текот на 2020 година (заклучно со 30.10.2020) се извршени 12.489 амбулантски прегледи и 944 контролни прегледи, со остварени 810 хоспитализации. Компјутеризирана томографија на мозокот е направена кај 2614 пациенти, Електронцефалографија ЕЕГ кај 465, Електромиографија со неврографија ЕМГ кај 286, Евоцирани потенцијали – ВЕП кај 113, Доплер на вратни крвни садови кај 98, Евоцирани потенцијали СЕП кај 143, Невропсихолошки наод кај 60, ЕЕГ со депривација на сон кај 20 пациенти. Тераписка постапка плазмафереза е направена кај 26 пациенти. Вкупни прегледи на пациенти со мозочен удар – 1077, со хоспитални исписи 227, со 11 интравенска тромболиза, се вели во дописот во кој се даваат податоци за прегледи за сите сите болести.

-Тие укажуваат на Клиниката има систем за централна климатизација која влијае врз побрзо ширење на КОВИД-19 вирусот низ воздухот и не постои просторија чисто/нечисто која е неопходна при работа со инфективни високо-ризични пациенти.

Previous Post

За 15 минути ќе се утврдува кој е позитивен, пристигнуваат брзите тестови

Next Post

Караџовски: Казните за неносење маска се премали

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Караџовски: Казните за неносење маска се премали

Recommended

Разочарувачка статистика: Јапонија со рекорден пад на населението

Разочарувачка статистика: Јапонија со рекорден пад на населението

8 months ago

74 годишната баба освоила џекпот од 25 милиони долари, па веднаш го оставила дедото

8 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.