Мерките не се доволно ригорозни, штом човек може да се нагоди за цената за неносење маска и наместо 20 евра, да плати 600 денари, рече во изјава за ТВ 24 претседателот на Комисијата за заразни болсети д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.
Мерките мора да бидат ригорозни, казнувањето мора да биде жестоко, секој оној кој ќе биде фатен во неспроведување на овие мерки мора ригорозно да биде казнет. Зошто? Затоа што е потенцијален ширач на инфекцијата. Граѓаните доколку се фатени на лице место и не носат маска тие можат наместо 20 евра на лице место да платат 600 денари, рече тој.
Според Караџовски оваа казна е премала, бидејќи лицето дозволува инфекцијата да се шири.
Претседателот на комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски денес беше гостин во емисијата „Само интевју“ на Канал 5 телевизија.
Имено Караџовски изминатите денови го слушаме по медиумите како ги учи граѓаните да носат маска и да држат дистанца, но по се изгледа тоа е само за пред камери,
Веднаш по гаснењето на камерите тој истата ја вади.








