Првиот вицепремиер Изет Меџити во гостување на Трилинг на Телевизија 24 изјави дека Владата е проевропски ориентирана. Во оваа прилика за посетата на претседателката на Урсулан фон дер Лајен во контекст на почетокот на преговорите изјави:
„Политичко прашање се уставните промени да се вметнат бугарската заедница во Уставот, но има доста дел што треба да се сработи во сите поглавја во сите области.“
На прашањето во кој дел се потребни промени и да се работи, Вицепремиерот изјави
„Па скоро секаде. Администрација, животна средина, правна држава. Треба да се доближиме до Европските стандарди.“
Дополнително, вицепремиерот истакна дека никој нема оспорено дека бугарската заедница треба да е дел од Уставот, туку дека треба да се договори да нема нови барања односно да се обезбеди гаранција за да нема понатамошни блокади. Тој истакна дека бугарите се присутни тука, ги има и на последниот попис и нема причина да се разликуваат од другите заедници.
Изет Меџити потенцира дека државата нема друга алтернатива освен Европската унија и затоа се работи интензивно со стратешките партнери, но и во рамки на Владата за да се најде најдоброто решение да се постигне целта.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







