Минатата година, германските граѓани се пензионираа на просечна возраст од 64,7 години, што е две и пол години подоцна отколку во 2000 година, покажуваат податоците од Германскиот пензиски фонд.
Иако законски е предвидено постепено зголемување на возраста за пензионирање на 67 години до 2031 година, коалицискиот договор не предвидува понатамошно покачување. Наместо тоа, се разгледува воведување на концептот „активна пензија“, кој би им овозможил на лицата постари од возрастa за пензионирање да остваруваат месечен приход до 2.000 евра ослободен од данок.
Според копретседателката на Фондот, Ања Пил, стабилноста на пензискиот систем се должи на добрата состојба на пазарот на трудот. Минатата година, пензионерите добивале просечно 1.154 евра месечно, со значителна разлика меѓу половите – мажите примале по 1.405 евра, додека жените 955 евра.
Вкупните исплати на Пензискиот фонд лани изнесувале 402,8 милијарди евра, додека приходите на Фондот биле 402 милијарди евра.







