Во гостувањето на ТВ24 во емисијата 24 Анализа, Илија Димовски со свој аналитички осврт околу состојбата во државата и европскиот пат на Македонија.
“Ние утре ќе станеме членка на Европската Унија, задутре нема да дојде никој од Белгија да ни го исчисти ѓубрето. Нити пак ќе дојде некој од Холандија да ни ги пушти возовите, нити пак ќе дојде некој од Германија да ни го среди универзитетот кој што е послабо рангиран од универзитетот во НИШ. Нити пак ќе дојде да ни го додефинира односот внатре и така натака.
Пак ќе се соочиме со потребата сами да ги решаваме работите. Да, за Европската Унија нема друга рационална, стратешка насока, но тоа да не биде субституција, како што е цело време субституција изминативе 20 години. Штом не можеме нешто да сработиме, викаме судството на нас не ни функционира заради тоа што не сме во Европската Унија. Не, не сме во Европската Унија заради тоа што судството не ни функционира. Позиционирањето и приоритизирањето на работата. И чекаме сега дека ние треба да влеземе во Европската Унија за да го реформираме судството. Не треба да чекаме Европската Унија. Сами треба да го реформираме судството. Кога јас би носел одлуки во однос на тие прашања, би бил малце и по брз, и по динамичен, и по остар. Не може веќе да се правиме наудрени. Не ни функционира системот воопшто.”







