Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ДУИ на власт ја „закопа“ ДУИ во опозиција

by
2024-10-10
in Uncategorized

Стратегијата донесена во 2023 година го открива лицемерието и манипулацијата на ДУИ, која додека беше на власт не коментираше, за сега, кога е во опозиција, укинувањето на „балансерот“ да го издигне на ниво на укинување на правичната застапеност, односно укинување на Рамковниот договор, што е далеку од реалноста.

ДУИ на власт ја закопа ДУИ во опозиција, е епилогот по драматичната ноќна прес-конференција на интегративците за укинувањето на „балансерот“ од Уставниот суд затоа што токму партијата на Али Ахметикако владин партнер е потписник на Стратегијата за реформа на администрацијата каде што се констатира дека балансерот се злоупотребувал и е надминат како алатка. Токму Стратегијата донесена во 2023 година го открива лицемерието и манипулацијата на ДУИ, која додека беше на власт не коментираше, за сега, кога е во опозиција, укинувањето на „балансерот“ да го издигне на ниво на укинување на правичната застапеност, односно укинување на Рамковниот договор, што е далеку од реалноста. И партиите и уставни судии не ја премолчеа манипулацијата на ДУИ и ѝ ја посочија Стратегијата донесена од претходната влада.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Министерот за јавна администрација Горан Минчев ѝ порача на ДУИ да не се занимава со реформи на јавната администрација, туку да си ја реформира партијата.

– Во Националната стратегија за реформи во јавната администрација 2023/30 година, која ја има донесено како одлука минатата влада, имаме ситуација во која ДУИ како учесник во владата, поддржала иницијатива во која се констатира дека се надминува „потребата од примената на алатката „балансер“, која во практика предизвикува многубројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото и соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците“. Тоа значи дека Арбр Адеми вчера имаше прес-конференција против својот поддржувач што стоеше веднаш до него, а кој во минатото беше дел од владата – Крешник Бектеши – рече Минчев.

И Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ ја потсети ДУИ дека претходната влада ја донела Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023 – 2030.

– ДУИ не кажа збор, а не, пак, да реагира за „балансерот“ кога лани официјално беше промовирана Стратегијата усвоена од владата со која тие раководеа. Коментар за „балансерот“ дадоа и од Европската комисија од каде што кажаа дека паралелните процедури за вработување поставени за да се зголеми вработеноста на малцинствата во јавниот сектор, може да ги поткопа во нивната примена принципите на заслуги, ефективност и правична застапеност. И ние јасно констатираме и се согласуваме со ЕК дека „балансерот“ е злоупотребен. Кога праќаме пораки, не може да се однесуваме кога нешто ни одговара дека е во ред, а за тоа што не ни е, да се однесуваме како мали деца – рече Лефков.

И уставни судии укажаа на Стратегијата и ја потсетија ДУИ дека на страницата 47 е предвидено дека „балансерот“ ќе се напушти зашто ја изгубил својата употребна вредност и бидејќи се злоупотребува односно не ги дава очекуваните резултати и дека на друг начин ќе се овозможи начелото за правична застапеност на малцинските заедници.
„Балансерот“ не го урива ниту го дерогира принципот на правична застапеност на заедници.

– „Балансерот“ не го руши уставното начело и одлуката на Уставниот суд никако не го дерогира правото на правична застапеност на малцинските заедници. Претходната влада, вклучително и ДУИ што чинам дека имаше најголем број министерски места во влада откако постојат како партија, а биле во влада дваесетина години, плус првиот вицепремиер што беше и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, во 2023 година констатирал дека „балансерот“ треба да се менува како алатка. СДСМ исто така се согласил кога ја носеле заедно Стратегијата, во исто време Вреди исто зборуваше во предизборието дека се злоупотребуваат етничките заедници преку „балансерот“. Сите политички фактори во изминатиот период тврделе дека „балансерот“ треба да се смени, бидејќи ја надминал својата употребна вредност. Е сега зошто Уставниот суд е оној кој ја политизира одлуката? Ова е факт со кој сакам да се негираат изјавите, претежно на политичарите дека со оваа одлука на Уставниот суд се руши уставното начело на правична застапеност – изјави уставната судијка Ана Павловска-Данева за емисијата „Топ тема“.

ДУИ, пак, синоќа на прес-конференција пред Уставниот суд рече дека укинувањето на „балансерот“ е шокантно, дека е директен напад врз основните права на заедниците и дека ќе има сериозни последици за праведното и еднаквото функционирање на институциите.

– Оваа одлука е тежок удар врз Уставот, врз Охридскиот рамковен договор и врз мултиетничката стабилност на нашата држава, бидејќи институциите досега го отсликуваа нашата заедничка реалност и тоа беше темел на соживотот и комуникацијата меѓу заедниците. Денес повеќе од кога било се соочуваме со сериозна криза на соживотот на правото на еднакви можности. Ова е чекор назад за нашата земја, чекор што ја загрозува иднината на мултиетничката стабилност и хармонијата што ја имаме изградено. Ги повикуваме сите надлежни институции и меѓународната заедница веднаш да реагираат за да ги заштитат правата загарантирани со Уставот и законите и да обезбедат дека еднаквата застапеност ќе биде непроменета – рече Арбр Адеми.

Претседателот на дел од Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој со ДУИ е дел од Европскиот фронт отиде чекор понатаму со констатацијата дека Уставниот суд не го укинал „балансерот“, туку етничката припадност. И тој констатира дека со ова се удира во темелите на Рамковниот договор и врз уставноста.

– Се укинува правото на етничка припадност и кога се удира врз овие важни документи ги повикувам САД и ЕУ да интервенираат што побргу и да се најде решение заедно со политичкиот фактор за да спречиме еден обид општеството да влезе во невидена анархија. Очекувам и апелирам што побргу да седнеме и да ја зачуваме безбедноста во Македонија за државата да не влезе во дестабилизација, политичка или каква било – рече Села и порача дека Вреди лаже кога вели дека ќе има закон за правична застапеност.

Владините партнери пак, порачаа дека по укинувањето на „балансерот“ законски ќе се уреди правичната застапеност на заедниците при вработувањата во јавната администрација и дека владината коалиција има политички капацитет да почне со дијалог за да се најде соодветно решение кое би било согласно Уставот.
Првиот вицепремиер Изет Меџити за „Слободен печат“ откри дел од предлозите од нацрт-законот за правична застапеност подготвен од Вреди.

Министерот Минчев, пак, кажа дека правичната застапеност на етничките заедници е многу важна уставна категорија и порача дека не треба да се брза со носење на закон за правична застапеност.

– Мислам дека е подобро да се отвори широка и јавна дебата, во којашто би се вклучиле сите заинтересирани страни, тука мислам на делот од владината коалиција, но исто така добра можност е да се повика и експертската и академската заедница со цел да се најде соодветно решение кое што ќе биде долгорочно, ќе биде солидно, ќе биде содржајно, и нема повторно да не доведе во ситуација на евентуална ваква одлука од страна на Уставниот суд – рече Минчев.

Тој не сакаше да ја коментира изјавата на Вреди дека подготвила закон за правична застапеност, бидејќи немал увид во текстот.

– Измените кои што треба да се однесуваат на правичната застапеност на етничките заедници се однесуваат на два закони кои се во надлежност на Министерството за јавна администрација. Идејата за потпишување на изјава на нотар за чувство на етничка или национална припадност, за мене е понижувачка. Добро е да легнат тензиите, со ладни глави, да се отвори широка дебата во јавноста за да се најде долгорочно, содржајно, соодветно решение кое ќе биде во рамки на Уставот – рече Минчев.

И Лефков констатира дека е надмината потребата од алатката балансер зашто во пракса се злоупотребувала.

-Што се однесува до „Бадентер“, тој е уставна категорија. Рамноправната застапеност треба да се реши со законски механизам – рече Лефков.

Во меѓувреме, Арбен Таравари од Вреди изјави дека се надева дека наскоро ќе има нов закон за правична застапеност.

– Правичната застапеност кога е уставна категорија треба да има и закон, со којшто ќе се предвидат застапеност не само етничка, туку и на сите категории на луѓе кои што живеат во државата да имаат правична застапеност во институциите – вели Таравари.

Извор: Слободен Печат

Previous Post

МОРА ДА ЈА ПЛАТИ КАЗНАТА КОЈА ДОСТИГНУВА 2,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Гугл го загуби спорот против ЕУ

Next Post

1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври

Recommended

policija

Фудбалери на „Влазрими“ среде натпревар нападнале судија во Тетово!

6 months ago
Каков удap сине: Aктерите се опpocтуваат од Славиша Кајевски

Каков удap сине: Aктерите се опpocтуваат од Славиша Кајевски

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.