По лошиот старт на Еурофарм Пелистер и трите порази вечерава изиграа реми против големиот фаворит Спортинг Лисабон. Иако по голот дојдоја во последните секунди со голот на Павле Атанасијевиќ сепак ракометарите и публиката можат да жалат бидејќи во поголемиот дел од натпреварот имаше водство.
Имавме добар меч, криво ни е што не го добивме на натпреварот. Последните 60 секунди извадивме бод. Многу вреди за нас. Голем колку планина. Не е толку големо чуството што јас го дадов, туку среќата е поголема кога е тоа дело на целиот колектив, вели Атанасијевиќ.
Сега Еурофарм Пелистер е на 6 место во група “А“ и заостанува три бода во однос на Веспрем и Фуксе Берлин.
Во следното коло од ЛШ макеоднскиот шампион гостува во Полска кај Висла, а потоа го пречекува Веспрем.
Низ фотографии погледнетеја атмосферата низ публиката на вечерашниот натпревар.






