Неделава има продолжен викенд за работниците, а во месец октомври уште еден неработен ден среде седмица.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија до крајот на 2024 година неработни денови за сите граѓани се:
11 октомври (петок), Ден на народното востание
23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,
8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник).
За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден ќе биде 1. ноември (петок), Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.
За граѓаните припадници на албанската заедница неработен ден ќе биде 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.






