Финалето на популарното шоу за избор на најдобар пејач „Ѕвездите на Гранд“ синоќа се одржа и конечно се знае кој е победникот.
Македонија е горда и се радува на успехот на младата и талентирана пејачка Славица Ангелова од Струмица, која успеа да победи во финалето на музичкото талент шоу.
Како и досега, победникот беше избран од публиката со СМС гласови. Славица го воодушеви регионот со својот моќен глас и со скоро 90.000 гласови заслужено ја понесе победата.
Потсетуваме, младата Ангелова за прпат се претстави на публиката на музичкиот натпревар „Неки нови Клинци“, а сега блесна во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Инаку, годинава победникот ќе добие песна, видео спот и автомобил „фиат типо“.
Во продолжение погледнете го прогласувањето на победникот:
Погледнете како изгледаше прогласувањето:






