Утрото кое ни го зема единственото вистинско добро што ни го дари Бог е пред нас. 16.10.2007 година, 6 часот и 20 минути кога цела Македонија се разбуди од плачот на универзумот.
И на многу не им е јасно зошто толку ги допре смртта на еден пејач. Многумина велат – “чудно, дома сите молчевме, ко да изгубивме некој близок”. Па да…. има ли некој поблизок од оној кој ви ги учеше децата на морални вредности, од оној кој градеше болници, училишта, манастири, од оној кој со само 26 години направи небројни хуманитарни концерти, од оној кој си ја почитуваше татковината, семејството, другарите, од оној кој беше достапен да помогне за сечија мака? Има ли луѓе??? Камо да изгубевме само пејач, па да ни фалеа само песните, музиката, камо да беше така па да си најдевме замена, затоа што пејачи имало и ќе има, но како да најдеме замена за се она што беше тој…. каде и како и дали е возможно?







