Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Отсега полесно до работа во Германија

by bulevar_com_mk_4dm1n
2020-10-15
in Uncategorized
Колкави се платите во Германија: Странците заработуваат скоро 900 евра помалку од локалното население

Да се живее и работи како странец во Германија не е лесно. Сојузна Република Германија никогаш не се гледала себеси како доселеничка земја. Но, во меѓувреме овде недостигаат повеќе од милион стручњаци. Лекари, медицински работници, инженери и информатичари и порано можеа да доаѓаат олеснето на работа во Германија преку т.н сина карта, но услов беше доста висока плата. Владата мораше да дејствува и усвои закон кој ја олеснува миграцијата од т.н. трети земји, односно држави надвор од ЕУ.

Што во законот се подразбира под – стручњак?

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Како стручњаци веќе не се сметаат само луѓе со висока стручна подготовка, туку и квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно со германското образование. Дипломите мора да бидат признати во Германија.

Забрзано признавање дипломи

За признавање на дипломи е одговорна Централна меѓународна служба за вработување (ЦАВ) со седиште во Бон, која припаѓа на Сојузната агенција за вработување. Како функционира тоа е објаснето на интернет порталот  „Make it in Germany”, каде исто таа можат да се најдат соодветни линкови.

Нема веќе бескрајно чекање

Целта е признавањето на дипломите да заврши во рок од три месеци по предавањето на сите потребни документи. Процесот на издавање на визи за стручњаци во иднина би требало да трае најдолго 4 до 6 недели.

Кога ќе ве  ангажира работодавач

Законот кој важи од 1 март подразбира и забрзана процедура според која идниот германски работодавач, со полномошно од работникот, може да ги застапува неговите интереси и да преговара со надлежната Служба за странци. Кога ќе се соберат сите потребни дозволи, Службата за странци мора да ја информира германската амбасада која во рок од три дена треба да издаде виза.

Во кои професии може да сеработи?

Во принцип, ќе важи следното: било кој стручњак од земја надвор од ЕУ, кој може да докаже дека има договор за работа во Германија и одредени стручни квалификации, може да дојде да работи во Германија.

Со новиот закон не се опфатени помошните дејности за кои не е потребна стручна квалификација. Но, ако поседувате основна професионална квалификација и можете да докажете дека поседувате договор за работа или понуда за работа во Германија, можете да се доквалификувате. Меѓутоа, идниот работодавач мора да се обврзе на доквалификација и таа мора да доведе до призната квалификација во рок од две години.

Расте интересот за учење германски јазик

Дозвола за престој

Секој кој има договор за работа или конкретна понуда за работа ќе добие дозвола за престој на четири години или онолку колку што трае договорот за работа. По четиригодишен престој, стручњаците можат трајно да се населат во Германија, односно стекнуваат право на неограничен престој.

Секој кој сака да бара работа во Германија, ќе добие виза на шест месеци. Предуслов: мора да имате пари да ги покриете трошоците за живот во текот на тој период и да бидете во состојба доволно да зборувате германски (ниво Б2).

Студирање и стручна обука

Новиот закон се однесува и на странци кои сакаат да студираат или стручно да се образуваат во Германија. Покрај наведените услови, мора да се поседува свидетелство од некоја германска школа во странство или завршена школа која дава право да се студира на универзитет – не смеете да имате повеќе од 25 години. Ако две години по дипломирањето сте работеле во Германија, имате право на постојан престој. 

Постари од 45 години

Посебен пропис се однесува на стручњаци над 45 години. Ако сакате да дојдете во Германија, мора да имате плата од најмалку 3685 евра бруто или доказ дека сте уплаќале за пензија.

Посебна регулатива за дефицитарните занимања

На пример, ако сте лекар, информатичар или геријатриска медицинска сестра и имате најмалку пет години работно искуство, не ви треба формално признавање на квалификациите. Но, работодавачот мора да се обврзе дека ќе ги покрие трошоците за живот и депортација во тек од една година – кога работниот однос ќе заврши, доколку вработениот не сака доброволно да ја напушти Германија.

Доаѓате со семејството?

Ако во Германија доаѓате со семејството, мора да приложите доказ дека можете да го издржувате и имате доволно голем стан, тоа значи околу 950 евра по лице месечно и 10-12 квадратни метри простор по лице. Деца до две години не се сметаат. Исто така, вашата сопруга или сопруг и деца постари од 16 години мораат да поседуваат основно знаење на германски јазик, на ниво А1. Како новодојден немате право на социјална помош.

Уште важат посебните правила за Западен Балкан
Препорака на правниците е да не се повлекуваат старите барања, иако нивната обработка може да трае и подолго од истекот на важноста на стариот закон, до 31.декември 2020 година. 

Дали законот се однесува на бегалците и барателите на азил?

Во основа, да, но само за мал број луѓе со т. дулдунг, толериран престој. Одреденото лице мора да докаже дека работи најмалку еднаипол година повеќе од 35 часа неделно и на тој начин заработува доволно за живот. Покрај тоа, мора да зборува германски на ниво Б2 и не смее да биде казнувано.

Previous Post

Меме на денот: Доста е интернет

Next Post

Денот кога цела Македонија се разбуди од плачот на универзумот..

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Денот кога цела Македонија се разбуди од плачот на универзумот..

Денот кога цела Македонија се разбуди од плачот на универзумот..

Recommended

Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите

11 months ago
Каролина Гочева: Да споделиме и по некоја убава вест „Идила“(Видео)

“Идила” на Каролина Гочева ќе ве освои од прва! (ВИДЕО)

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.