Членот на Управниот одбор на ССК, Благоја Грозданов рече дека секогаш во креирањето на политиките во една земја треба да се водиме и треба да преовладува здравата економска логика, бидејќи популизмот носи дестабилизација, нарушени економски односи и поделби во општеството.
„Уште еднаш како претставници на над 20,000 компании се чувстуваме одговорни да ја предупредиме пошироката јавност за негативните ефекти од едно вакво чисто политичко мотивирано зголемување на минималната плата, може да има кај нас, во и онака нефункционалниот пазар на труд“, рече Грозданов.
Потсетува дека самиот Закон за минимална плата има вграден механизам во него, согласно кој минималната плата се зголемува во март, секоја година.
Така согласно член 4 од Законот, исплатената висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Северна Македонија, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика, истакна Грозданов.
„Оваа Влада пред само две години веќе еднаш направи политички мотивиран популистички бајпас на овој механизам, така што ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, нето износ. Од низата негативни ефекти кои зголемувањето ќе ги предизвика, веројатно најголем е влијанието во насока на намалување на и онака ниската продуктивност на трудот кај нас. Да потсетиме, скоро и да нема релевантен извештај на меѓународните организации присутни кај нас а кој не предупредува за екстремно ниската продуктивност на трудот. Да потсетиме, скоро и да нема релевантен извештај на меѓународните организации присутни кај нас; а кој не предупредува за екстремно ниската продуктивност на трудот споредено со останатите земји “, изјави Грозданов.






