Познатиот новосадски јутјубер Даниел Ѓукиќ (36) денеска се заклучил во стан во Нови Сад и се заканува дека ќе се убие себе си или секој што ќе му пријде.
Постојано им вика на пожарникарите и полицајците, прашувајќи ги зошто дошле. Тој во еден момент рече „дека го гледал хороскопот на една телевизија и дека рекле дека денеска нема ништо да му се случи“.
Пред зградата во улицата Цар Душан има полиција, пожарникари и брза помош. Има и преговарачи кои се обидуваат да разговараат со него.

Ѓукиќ често објавува снимки на својот Тик Ток, а има речиси три илјади следбеници, додека на својот Инстаграм профил има околу 40.000 следбеници.
Учествуваше во серијата на Јутјуб „Бетпарачка приче“, а се прослави со „Дневњак“.
Инаку, се започнало утрото кога на повик на неговата мајка полицијата дошла пред неговата зграда бидејќи жената пријавила дека нејзиниот син (36) се заканува дека ќе се убие себеси и секој што ќе му пријде.
И додека јутјуберот изгледа многу се забавува, сите соседи се очајни и лути.
— Car Šćepan Mali (@ScepanCar) December 19, 2021







