Овој војнички трик би бил совршен за употреба за оние кои мачат мака со несоница.
Ако сте навикнати да лежите будни навечер во кревет, а вашиот мозок работи „сто на саат“ и не можете да се опуштите и да заспиете, тогаш имаме добри вести за Вас.
Постои одлична воена техника што може да ви помогне да заспиете за само две минути.
Наводно, Американската армија користи трик за да им помогне на војниците да заспијат во ризични ситуации, кога ќе добијат дополнителен адреналин, на пример на бојните полиња.
Како работи оваа техника?
Опуштете ги мускулите на лицето, вклучувајќи ги и мускулите на јазикот, вилицата и очите. Спуштете ги рамената колку што можете, потоа левата рака, па десната рака.
Издишете во рок од 10 секунди, опуштете го телото, а потоа и нозете – од бутовите до стапалата, обидувајќи се да го исчистите вашиот ум со примена на овие три техники:
1. Замислете како лежите во кану на мирно езеро, а над вас е само синото небо.
2. Замислете дека одмарате во црна лежалка од кадифе во темна просторија.
3. Повторувајте ги зборовите: „Не размислувај, не размислувај, не размислувај“ цели десет секунди.







