Зголемената бројка на нови случаи на коронавирусот како и kpитиките за справување со kpизата е причината поради која што си поднесе оставка министерот за здравство на Република Чешка, Адам Војтех.
Премиерот Андреј Бабиш му заблагодарил на Војтех за неговата работа. Бабиш на Твитер објави дека Војтех можеше да биде запаметен како најдобриот чешки министер за здравство доколку не мораше да ја потроши целата своја енергија боpeјќи се со коронавирусот.
Чешка има второ најголемо зголемување на бројот на нови случаи од коронавирус во Европа по Шпанија.
Чешка пред летото ги укина сите мерки воведени за време на првиот бран на коронавирусот во земјата. Во изминатите две недели, Чешка регистрира 193 случаи на 100.000 луѓе, информира Европскиот центар за превенција.






