Бројките ќе продолжат да растат во наредните 15 денови, меѓутоа пренесливоста на болеста почнува да се намалува, вели професорот Дејан Трајковски кој се занимава со статистиката на случаи на заразени во земјава.
Според него, пренесливоста се мерки преку ефективноста на репродукцискиот број и факторите на растот кои што во последно време почнуваат да се намалуваат.
Моментално факторот на раст е околу 1,08 што значи дека во просек бројките растат за околу 8 % во однос на претходниот ден. Моментално седумдневниот просек изнесува околу 947 случаи, што во деновите на врвот ќе достигне и некаде околу 1550, додека максималниот дневни броеви ќе бидат меѓу 1800 и 2100 случаи.
Максимумот на дневниот број случаи се очекува околу 3-ти септември, додека максимумот на активните случаи ќе биде достигнат најрано околу 10-ти септември, информира Трајковски во интервју за Канал 5 ТВ.






