Две жени на возраст од 30 години загинаа синоќа на автопат северно од Мелбурн откако ги удрил автомобил додека се обидувале да помогнат на повреден кенгур, известува The Guardian.
Според информациите, жените прво удриле во животното, по што го запреле својот автомобил за да му помогнат. Друг возач, кој не ги забележал навреме, нагло свртел за да ги избегне, но ги удрил со голема брзина.
Една од жените починала на местото на несреќата, додека другата починала откако била пренесена со хеликоптер во болница.
Портпаролот на организацијата за спасување на диви животни WIRES апелира во вакви ситуации веднаш да се повика стручна служба, додека помошник-началникот на сообраќајната полиција предупредува за опасностите од застанување на темни и слабо осветлени делови од автопатот.
Бројот на сообраќајни жртви на патиштата во Викторија годинава се зголемил на 205, а несреќи поврзани со диви животни се чест појав.






