Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ја зеде својата глава и носејќи ја во раце влезе во блиската црква-маченик Свети Јован Владимир, кнез српски

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-06-04
in Uncategorized
Ја зеде својата глава и носејќи ја во раце влезе во блиската црква-маченик Свети Јован Владимир, кнез српски

Јован, или Иван Владимир, управуваше со областите Зета и Далмација, во втората половина на 10 век. По природа беше мирољубив, благочестив и добродетелен. Беше војсководец, но при тоа беше благ, редовно ги помагаше сиромашните и се одликуваше со длабоко познавање на Светото Писмо.

Се грижеше за правилното исповедање на православната вера во народот, и многу еретици-богомили ги одврати од заблудата на ереста и ги врати во православната Црква. Бугарскиот цар Самуил го нападна и го зароби, та го стави во затвор во Преспа. Ќерката на царот Самуил, Косара, им носеше милостина на заробениците, и така го запозна Јован Владимир во затворот и се заљуби во него. Измоли од својот татко да го ослободи од затворот, и Самуил тоа го направи, го ослободи Јован Владимир, му ја даде својата ќерка Косара за жена, и го врати повторно да управува со своето кнежевство.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

По смртта на царот Самуил, на престолот дојде неговиот син Гавриил Радомир. Но, неговиот братучед Иван Владислав го уби, и седна на престолот. Сакајќи да се осигура дека Јован Владимир нема да се одмазди или да посегне по престолот, реши да го убие и него, и за таа цел испрати при него црковна делегација со која го повика да дојде во Преспа. Само што пристигна во Преспа, Иван Владислав го уби, отсекувајќи му ја главата. На ужас на убиецот, Јован Владимир ја зеде својата глава и носејќи ја во раце влезе во блиската црква каде што падна и ја предаде својата душа на Господа, на 22 мај 1016 година. Две години подоцна, Иван Владислав умре од страшна смрт, а неговото царство падна под византиско ропство 168 години. Нетлените мошти на Јован Владимир, кои се прославија со мироточење и со извршување на чудеса, се наоѓаат во Елбасан, Албанија, а дел од нив има и во Охрид, каде што е особено почитуван, додека чесната глава негова е во манастирот Зограф, на Света Гора.

Previous Post

Гледам чекате сабота …

Next Post

Светските медиуми „фрчат„- Оваа е новата девојка на Бред Пит

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Светските медиуми „фрчат„- Оваа е новата девојка на Бред Пит

Светските медиуми „фрчат„- Оваа е новата девојка на Бред Пит

Recommended

Над 180.000 луѓе ќе добијат платежни картички со по 6.000 денари

Над 180.000 луѓе ќе добијат платежни картички со по 6.000 денари

5 years ago
Тројца пратеници на ДУИ од утре одат во опозиција, Меџити формира нова партија

Тројца пратеници на ДУИ од утре одат во опозиција, Меџити формира нова партија

2 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.