Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Владика Партениј: Крстот е крајна, совршена љубов, да го возљубиме нашиот животен крст, љубовта покрива многу гревови

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-04-04
in Uncategorized
Владика Партениј: Крстот е крајна, совршена љубов, да го возљубиме нашиот животен крст, љубовта покрива многу гревови

 На половината од Постот, среде оваа духовна пустина низ која што молитвено и со сите телесни сили талкаме, Црквата мајчински се потруди да ни подготви одмор божествен, покажувајќи ни го Чесниот Крст Христов. Издигнат во пустинската оаза како некое раззеленето и бујно разлистено дрво, тој оддалеку нè здогледува, нас, Христовите изморени патници, та нè прибира и освежува, за да би можеле со обновени сили да го продолжиме своето патување до крајната цел: славното Воскресение на нашиот Бог. Да, човештвото снеможува, паѓа под тежината на тешкото секојдневие, на дилемите што сурово притискаат, се гуши притиснат од силата на болестите и смртта, свиткан под тежината на сопствениот крст. Да, крстот е Голгота, но неговата невидлива и неприкосновена сила е утеха, поткрепа и исцеление; утеха што преку тивкото поднесување на страдањата и пожртвуваност ни се дава несфатлива љубов која најпрвин на Голгота, во Распнатиот заради нас Богочовек ја видовме и во Неговото Воскресение ја примивме. Преку Голгота до Воскресение – велат Отците. Лична голгота, но и лично воскресение. Ете затоа денес ни се покажува оваа сила што од четирите зраци на моќното крстно знамение извира, заблескувајќи така на четирите краишта на светот, за да го просветли и подигне изморениот род човечки.

Исправени во молитва и славословие пред Крстот што ја осени со својата благодат оваа трета недела од Постот, браќата и сестрите од нашите монашки обители ја примија од него духовната сила и свежина, за со уште поревносен подвиг да го поминат остатокот од патот што преку Голгота води до Воскресение. А нашиот возљубен старец и владика, епископот г. Партениј, уште повеќе ги освежи нашите души со своето крстовоскресно слово за ова победничко знамение, кое е наш патоказ кон радоста неминлива во Христа:

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Да Му благодариме на Бога, мили мои, што и годинава, која како и минатата е преполна со искушенија – во најголема мера поради пандемијата што го снајде светот, ја дочекавме оваа Света Четириесетница, а еве, со Негова помош стасавме веќе и до нејзината средина. Во Третата недела на Светиот и Велик Пост, Црквата Божја го изнесува и го возвишува пред нас чесниот и животворен Крст, „изворот на просвештението“, „чуварот наш непобедлив“. Со денешното крстопоклонение, Светите Отци сакаат да ни го одбележат патот што треба да го изодиме, за да достигнеме спасение и потполно со Бога соединување.

Крстот, всушност, е патоказот на христијанскиот живот. Минатата недела имавме можност, преку богословието на Свети Григориј Палама и на севкупната православна Црква, да видиме дека целта на нашето суштествување е обожението, станувањето бог, син Божји по благодат. Патот, пак, кон тоа врховно предназначение ни го покажува Крстот Христов. Нашето искачување кон Небото е крстно, врвиме по крстен пат, послан со бројни искушенија и страданија. Затоа денешното Свето Евангелие започна со зборовите на Спасителот: Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси (Марко 8,34-35). Чудни зборови, навидум дури и контрадикторни. Што значи тоа: кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби? Доколку човек сака да ја зачува за овој свет, за себеси, во егоистична смисла на зборот, за своето себељубие и себичност, тогаш ќе ја загуби. Тој бездруго ќе си ја погуби душата своја ако не тргне по крстот, кој е љубов. Оти, вистинската љубов неизбежно подразбира крст, саможртва. Господ Христос преку Крстот ни го покажа патот на пожртвуваната љубов, којашто не знае за егоизам, за користољубие, којашто е долготрпелива, милостива, незавидлива, непрестајна. Доколку човек сака да се испита себеси до каде стигнал со мерата на љубовта, нека се спореди со зборовите на Апостолот Павле од 13-та глава во неговото Прво послание до Коринтјаните. Во таа најпозната и најубава химна за Љубовта, ќе го најде одговорот дали љуби на правилен начин и дали може да се нарече Христов. Единствено оној што го зел крстот свој и се откажал од себеси, т.е. од сопственото его, може да се нарече вистински Христијанин, сведок на Христовата пожртвувана љубов.

Во третата статија од Акатистот на Пресвета Богородица што ја испеавме во петокот, има еден прекрасен стих кој вели: „Радувај се, ти си љубов што надминува секаква лоша желба“. Пренепорочната Владичица Богородица, преку пожртвуваната крстна љубов, достигнала совршенство, потполно обожение. Чистата љубов надминува секакво зло. Оној што ја има неа, во своето срце нема место за болното себељубие. Таквиот секогаш оди напред во жртва за својот ближен, распнувајќи се за другите. Тоа значи да го земеш крстот свој и да Го следиш Христа, а не да одиш по своите желби и страсти. Логиката на овој свет вели дека за да ја зачувам душата своја треба да ѝ дадам што повеќе задоволства и удобности, да ѝ овозможам секаков комфор. Меѓутоа, Христовата логика не размислува така. Според неа, за да ја сочувам душата за вечноста, неопходно е духовно да се распнам, најнапред од љубов кон Бога, а потоа и за сите мои со-луѓе. Следствено, за да бидам ученик Христов, треба без роптање, со благодарност да го понесам крстот свој и да врвам по патот на мојот Спасител. Да станам вистински крстоносец, односно Христоносец. А сите ние имаме по еден свој животен крст и колку и да се разликуваат нашите животи, сите тие претставуваат крст. Секој човек на светот има свој крст, свое страдание. Сите луѓе страдаат, без разлика што нам ни се чини дека некој страда повеќе, друг помалку. Сепак, доколку се износат со вера, со смирение и благодарност, сите тие крстови водат кој истата цел – обожението. Па затоа, мили мои, да си ја поставиме пред очи љубовта на Спасителот наш Господ Исус Христос, Кој се распна за нас, прегрнувајќи го сиот свет, секој човек од Адама, па до крајот. Впрочем, од Крстот на Голгота се чуја и Неговите последни зборови на љубовта: Оче, прости им, оти не знаат што прават! (Лука 23, 34)

Крстот, значи, претставува крајна, совршена љубов. Да го возљубиме, затоа, нашиот животен крст. Иако денес живееме во бура од многубројни искушенија, не смееме да очајуваме, затоа што знаеме дека после искушенијата, после страданијата, после крстот, секогаш доаѓа воскресението. Носењето на животниот крст завршува со воскресението и нашето животно течение продолжува во вечноста. Така, овдешниот живот и вечноста се меѓусебно поврзано со крстот. Доколку одовде се трудам, со Божја помош, да ја достигнам целта, која е обожението, односно да се соединам со Христа преку Неговата пожртвувана љубов, да ја живеам таа љубов и да ја давам на моите ближни, тогаш јас уште одовде, од земјава, започнувам да ја предвкусувам, да ја освојувам вечноста. Смртта е една привидна појава, бидејќи после Христа таа е само привремена разделба на душата со телото, сè до сеопштото Воскресение при Второто Христово доаѓање, кога Господ повторно ќе го соедини целиот човек.

Да Му благодариме на Господ, мили мои, што во ова немилосрдно време, сепак сме во коработ на спасението, во Црквата Божја. Оти, за жал, и покрај допуштените катаклизми, болести и искушенија, гледаме како насекаде по светов има големо отстапништво од Бога. Ретко кај кого може да се види вистинско покајание. Денес светот воопшто и не мисли на покајание. Луѓето се окупирани само со себеси, удавени во сопствениот егоизам, затворени во својот комфор и сакаат да ја запазат само душата своја. Но, не ја чуваат на правилен начин, за идниот живот, за обожение. Не ја познаваат суштината на постоењето, не знаат за патот на крстната љубов Христова. Затоа, мили мои, благодарете Му на Бога што сте во Црквата Негова, во вистинско богопознание; да Му благодариме, но истовремено усрдно да Го молиме и за сите што се надвор од храмот Господов, та и нив да ги озари Божјата избавителна благодат. Напоредно со тоа да внимаваме над срцата свои, да не дозволиме да ни оладат, туку секојдневно да ја бараме од Христа топлината на љубовта Негова, којашто е најголемиот дар и сигурен водител во Царството Небесно. Така нè советува и врховниот Апостол Петар, кој вели: А пред сè, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови“ (1. Петр. 4,8).

Милиот наш Господ да нè благослови со духовни и телесни сили, за да го изодиме и вториот дел од Постот, да го дочекаме Великиот Петок, да се поклониме на Животворното Дрво и на него распнатиот наш Христос Бог, и со духовен блесок да го видиме и доживееме славното и светло Христово Воскресение, како добри ученици Христови!

Христе Боже наш, Кој прими доброволно распнување заради општото воскресение на човечкиот род, си ја примил на крстот, и со багреницата на Твојата крв, повелбата царска за наше ослободување човекољубиво си ја потпишал. Не презирај нè во опасноста во која што се наоѓаме, поради тоа што повторно сме одвоени од Тебе; на Твојот народ во невола смилувај се; стани и победи ги нашите непријатели, како сесилен.

Фотографии и текст Бигорски манастир.

Previous Post

Интелектуалците дома, простотилак ја води државата, Воени профитери, празни зборови, арамилак, сиромаштија

Next Post

Почнува вакцинирањето на вработени во АРМ, ЈСП, новинари, пожарникари, воспитувачи

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
48 позиции во „Борис Трајковски“ од 08 до 20 часот по 5.000 лица дневно ќе се вакцинираат

Почнува вакцинирањето на вработени во АРМ, ЈСП, новинари, пожарникари, воспитувачи

Recommended

Зошто ни беа потребни 114 години за да ја видиме оваа фотографија?

Зошто ни беа потребни 114 години за да ја видиме оваа фотографија?

5 years ago
Радев со авионот ќе го собере и Пендаровски од Скопје па ќе слават „Кирил и Методиј“ во Рим

Радев со авионот ќе го собере и Пендаровски од Скопје па ќе слават „Кирил и Методиј“ во Рим

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.