Зоран Митрески од Прилеп, управител на фирмата “Efix Electrical”, на својот Фејсбук профил објави интересна фотографија која датира од далечната 1907 година. На истата можат да се видат автомобили кои работат на електричен погон.
“Зошто ни беа потребни цели 114 години за да ја видиме оваа фотографија (направена е во 1907 год.) на електрични возила по принципот на Никола Тесла, и сфатиме дека цело време сме живееле во наметната глобална лага.
Во меѓувреме изгубен е повеќе од 1 век на намерно ограничен технолошки развој на целата планета за да биде потрошено огромно финансиско богатство од сите претходни генерации – жители на планетава.
Како последица на таа лага загаденоста на атмосферата е до максимум а притоа уништени се милиони луѓе по здравствена основа, само поради финансискиот апетит на грст криминалци!
Дали глобалните лаги и натаму немилосрдно продолжуваат на сите нивоа и по сите основи?” – пишува Митрески.
Зошто ни беа потребни цели 114 години за да ја видиме оваа фотографија (направена е во 1907 год.) на електрични возила…
Posted by Zoran Mitreski on Tuesday, March 23, 2021






