Ноќта меѓу среда и четврток Одеса и соседниот град Чорноморск беа погодени од масовен руски напад со дронови врз енергетската инфраструктура, оставајќи десетици илјади граѓани без струја.
Според украинското воено воздухопловство, руските сили испукале 112 дронови „Шахед“, од кои противвоздушната одбрана успеала да собори 87. Сепак, 22 дрона успеале да ја погодат целта на 12 различни локации. Во нападот загинале најмалку пет цивили, а 19 лица се повредени.
По нападите избувнале пожари во пристаништето, енергетски постројки, две куќи, административна зграда и бензинска пумпа. Во пристаништето се запалија резервоари со растително масло и дрвени пелети, додаде гувернерот Олег Кипер.
Околу 30.000 жители останале без електрична енергија, а градот Чорноморск е меѓу најтешко погодените, со големи оштетувања на куќи и инфраструктура. Нападот е дел од нов бран руски удари врз украинската енергетска мрежа, при што во последните денови беше погодена и централа во Нижинскиот округ и објект во Прилуки, оставајќи над 61.000 лица без струја.






