Утрово е изведена акција на Финансиската полиција во Битола, при што е приведено најмалку едно лице под сомнение за местење на тендери вредни стотици милиони денари во РЕК Битола, дознава Press24 од свои извори.
Според неофицијални информации, приведениот е конзул на странска држава кој е сопственички поврзан со битолска компанија ангажирана за ископи во РЕК Битола. Тој се сомничи за малверзации со тендер вреден околу 100 милиони денари.
Името на неговата компанија често се споменуваше како една од најголемите во минатата влада за ангажмани во РЕК Битола. Политичките партии тогаш обвинуваа дека фирмата остварувала заработка од 63.000 евра дневно само за 10 булдожери, а во период од две години приходите од тендери достигнале 200 милиони евра.
До овој момент нема официјална потврда од надлежните институции за акцијата.







