Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле поевтини. Ова не е најава од туристичка агенција, ова за ТВ24 го тврди секретарот во премиерскиот кабинет Драги Рашковски.
Во одговорот кој Рашковски ни го испрати од земјата на сомбрерата пишува дека отишол таму на одмор со семејството бидејќи е многу евтино. Тајмингот за одмор му бил случајно избран, месеци претходно.
– Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така да искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш поевтини. Проверете на Booking. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра. – изјави Рашковски.






