Некои аспекти кон опсервацијата на македонскиот активист Атанас Кирјаков од OMO „Илинден“-Пирин во врска со антимакедонските наративи во бугарската јавност
Јазикот на омраза е толку длабоко навлезен во јавниот простор, што секоја пројава на македонски идентитет во пиринскиот крај се стигматизира како „предавство“, „антинационално однесување“ или „надворешна провокација“. Причини за оваа омраза се страв од различност и идентитетска несигурност: За многу Бугари, признавањето на македонскиот идентитет се доживува како закана за бугарскиот национален идентитет, се вели во анализата на македонскиот активист Атанас Кирјаков.
Официјални бугарски институции, медиуми, политичари и разни јавни личности поддржуваат говор на омраза кон Македонците, а за тоа неодамна предупреди и македонскиот активист Атанас Кирјаков од OMO „Илинден“-Пирин.
Кирјаков во својата објавена анализа за говорот на омраза кон Македонците во Бугарија вели дека македонските културни здруженија често се одбивани при регистрација или административно прогонувани, а активистите се соочуваат со притисоци и стигматизација.
– Бугарските медиуми масовно ја обработуваат македонската тема преку националистички и антагонистички наратив. Термини како „измислена нација“, „антибугари“, „предавници“ често се користат кога се зборува за Македонци или организации што бараат признавање на македонското малцинство во земјата – пишува Кирјаков.
Според него, голем број бугарски политичари, особено од крајно десничарските партии, отворено шират омраза и негирање кон македонскиот идентитет. Тоа вклучува и повици за репресии, ограничување на правата и дури затворање организации.
– Јазикот на омраза е толку длабоко навлезен во јавниот простор, што секоја пројава на македонски идентитет во пиринскиот крај се стигматизира како „предавство“, „антинационално однесување“ или „надворешна провокација“.
Прочитај го целиот текст на Нова Македонија






