Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека украинските ракети „Нептун“ и „Фламинго“ веќе погодуваат руски цели, вклучувајќи поморски објекти на растојание до 250 километри.
„Фламинго“ има дострел до 3.000 км и е пуштена во масовно производство, додека модернизираниот „Нептун“ веќе една година делува против копнени цели до 400 км, а наскоро ќе може и до 1.000 км. Зеленски нагласи дека во последните напади се користело исклучиво украинско оружје, без дронови.
Русите имаат оперативни планови да го освојат Покровск „по секоја цена“, но украинската контраофанзива веќе го успорила нивниот напредок во Донбас. На правците Новопавловск и Добропилје, Украинците ослободиле четири села, а се уште се водат борби за уште четири. Русите исто така претрпеле значителни загуби во Лиман.
Зеленски истакна дека Украина ја зголемува својата способност во користење на дронови, каде Русија сè уште има предност со FPV дронови со оптички влакна.






