Вечерва на гостување на Канал 5 телевизија премиерот Зоран Заев на прашањето дали пробал џоинт, а во врска со темата за легализација на марихуаната, вели дека не, тој нема пробано џоинт, но тоа не го спречува да се залага за работите кои не ги има искусено, како што бил стејт, ама се залагал за ЛГБТ правата, како што не бил сиромашен ама се залагал за сиромашните граѓани.
Веднаш откако заврши емисијата Заев напиша на Твитер се она што на гостувањето го кажа, а во врска со марихуаната, па дури му постави прашање на водителот дали тој пробал џоинт.







