Скопје – Сомнителен куфер оставен пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот ВМРО предизвика евакуација на околните згради, потврди МВР за Press24.
Инцидентот се случил денеска, на 8 октомври 2025 година, околу 12:55 часот, кога лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видео надзор биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од нив оставило куфер.
Полициски службеници веднаш излегле на терен и преземаат мерки за расчистување на случајот. Во моментов, вработените од околните згради се евакуирани, додека полициските екипи работат на обезбедување на безбедноста и испитување на куферот.






