Оставката на францускиот премиер Себастијан Ле Корнуеј ја става администрацијата на претседателот Емануел Макрон пред сериозен политички предизвик, оценува „Њујорк тајмс“. Премиерот поднесе оставка поради неуспехот да обезбеди консензус меѓу политичките партии, а Макрон сега треба да одлучи дали ќе распише нови парламентарни избори.
Според весникот, ваквиот потег може да го зајакне крајнодесничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен, чија поддршка расте во последните месеци. Францускиот политички систем, кој долго време функционирал со стабилна рамнотежа во парламентот, денес е поделeн меѓу три блока: десничарски националисти, левичарски и крајнолеви сили и владејачки центристи со намалена лојалност кон Макрон.
Резултатот е нестабилност – Франција во последните 21 месец сменила пет влади. Мандатот на Ле Корнуј, назначен на 9 септември, ќе остане запишан како најкраток во историјата на Петтата Република, траејќи помалку од еден месец.
Политичкиот хаос е дополнително усложнет со повици од некои лидери, вклучувајќи ја и Марин Ле Пен, Макрон лично да поднесе оставка, што ја зголемува неизвесноста за иднината на француската влада.






