Желбата на жителите на Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија го докажа фактот дека одлуките донесени во февруари 2022 година биле исправни, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Тој тоа го рече при отворањето на состанокот со командантите на групациските сили во Санкт Петербург, пренесува TASS.
Путин истакна дека фактот што жителите на „тие региони со големо мнозинство гласаа за својата иднина како дел од Русија, ја потврдува исправноста и навременоста на одлуките донесени на почетокот на војната“.
Рускиот претседател исто така потсети дека на 30 септември беше одбележан „Денот на повторното обединување“ на самопрогласените Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република, како и (делови од) Запорошката и Херсонската област со Руската Федерација.







