Од ЕВН Македонија информираат дека утре, 8 октомври 2025 година, поради технички зафати на електроенергетската мрежа, делови од главниот град ќе останат без електрична енергија во различни временски периоди.
Во општина Аеродром, дел од населбата Долно Лисиче ќе биде без струја од 8:00 до 15:00 часот. Во населбата Лисиче, прекин е најавен на неколку локации – на улиците Божидар Рајковиќ, Горноврановска и Горно Лисиче, во период од 9:00 до 12:00 часот.
Прекин ќе има и во Кршево, каде без електрична енергија од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат објектите спроти ИСТ Гејт.
Во општина Ѓорче Петров, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци и Веле Марков ќе останат без струја од 9:00 до 16:00 часот.
Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги завршат своите обврски и да се прилагодат на најавените прекини поради планирани технички активности.







