Од ЕВН Македонија информираат дека утре, 8 октомври 2025 година, поради технички зафати на електроенергетската мрежа, во неколку делови на Тетово ќе има прекин на напојувањето со електрична енергија.
Без струја во периодот од 9:00 до 14:00 часот ќе бидат делови од градот Тетово, објектите кои се наоѓаат во населбата Деребој кај ЕВН, како и објектите на улица 113.
Покрај Тетово, прекини во снабдувањето се најавени и во околните места Боговиње, Желино и Долно Палчиште. Во Боговиње и Желино струја ќе нема од 9:00 до 14:00 часот, додека во Долно Палчиште прекинот ќе трае до 14:30 часот.
Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да се прилагодат на најавените прекини и да ги завршат своите активности пред почетокот на работите.






