Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, денеска изврши увид во текот на градежните работи за реконструкција на улицата „Банатска“ во населбата Топаана.
Проектот, вреден околу 3 милиони денари, се реализира со средства од вториот повик на Владата за поддршка на општините и има за цел да го подобри квалитетот на живот на жителите преку поиздржлива и функционална инфраструктура.
Реконструкцијата предвидува целосно асфалтирање со зајакната подлога, подобрување на системот за одводнување и реорганизација на сообраќајот за поголема безбедност на пешаците и возачите.
„Со овој проект овозможуваме полесно движење, побезбедни улици и трајна инфраструктура. Секој проект што го реализираме има една цел – да му служи на граѓанинот“, изјави Меџити, нагласувајќи дека ваквите инвестиции се дел од поширокиот план за модернизација на комуналната инфраструктура во сите делови на Чаир.







