Во наредниот период се очекува променливо облачно време, со услови за слаби локални врнежи од дожд до вторник, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Според информациите од УХМР, во некои котлини се очекува појава на магла и ниска облачност, додека температурите постепено ќе растат.
Утре ќе биде умерено до значително облачно, со услови за слаб дожд, а на повисоките места и планините ќе има слаб снег, најчесто во источните региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе бидат од -5 до 3 степени, додека максималните дневни температури ќе се движат од 3 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно, со услови за слаб дожд и снег во раните утрински часови во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе достигне 7 степени.






