На денешната седница на Владата е донесена одлука за конечно укинување на концесијата за каменоломот во Страчинци, со што, како што истакна министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, ова прашање е затворено еднаш засекогаш, а правдата е ставена на страната на жителите.
„Како министер внимателно го следев процесот од првиот ден и дадов негативно мислење за продолжување на работата на каменоломот, бидејќи професионалните анализи јасно покажаа дека неговото функционирање би предизвикало сериозни последици врз животната средина и здравјето на жителите, вклучувајќи ризик од поплави и загадување на воздухот“, изјави Меџити.
Тој нагласи дека денешната одлука на Владата претставува јасна потврда дека јавниот интерес и заштитата на граѓаните и животната средина се над сите други интереси.
Меџити додаде дека следниот чекор ќе биде насочен кон рехабилитација и озеленување на подрачјето, со цел Страчинци да се претвори во здрава, зелена и безбедна средина за своите жители.







![Израелски напад во Дамаск го прекина преносот во живо: Водителката не можеше да продолжи со своето обраќање [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/07/screenshot-2025-07-17-105139.png)